Големо Езеро 2218 м.н.в. – Планинарски дом “Димитар Илиевски – Мурато”

golemo ezero

Дополнителни информации за планинарскиот дом:

Капацитет:

Шест големи спални соби со капацитет од 4 до 12 кревети.Вкупно 30 кревети и околу 20 дополнителни душеци.Во три од собите има греење на шпоре на дрва.Има една голема трпезариска просторија со поголем капацитет и греење со шпорет на драва.За секој посетител кој ке одлучи да нокева во домот има чиста постелнина и волнени ќебиња.

Вода за пиење и тоалет

Во близина на домот има силен извор на чиста и студена вода.Тоалетот е полски и се наоѓа на 30-тина метри од домот.

Храна

Во домот има скромна кујна, кујнски прибор  и е достапна за секој посетител.Исто така во домот има различни зачини,сол и маслиново масло за секој посетител бесплатно.Но за целосно уживање во вашиот престој во домот ви  предлагаме да ја вкусите традиционалната македонска храна и пијалоци,произведена во локаните села која што ние ке ви ја обезбедие.

Работно време

За време на летните месеци (од почетокот на мај,се крајот на октомври) планинарскиот дом е отворен во викендите,(а можно е да се отвори и во другите денови,дури и во зима,но само со претходна најава и договор).

Снабдување со електрична енергија

Во домот има мал агрегат кој работи на бензин и произведува елекрична енергија со јачина до 3kw/h.Агрегатот работи во вечерните часови.

Прва помош

Во домот има опрема за прва помош со која можат да се третираат различни повреди,алергии и други медицински проблеми од помал обем.

Важно

Сепак најдобро ви препорачуваме да не контактирате доколку се одлучите да не посетите,се со цел да добиете најточни информации околу слободни места во домот,состојбата со вода за пиење,храна,струја,временската прогноза,условите на планинарските патеки и многу други корисни информации.

Копанки – планинарски дом 1610м.н.в. – Во 2013 настрада во голем пожар,и моментално се работи на негово обновување.

Baba Planina